Кошаркарките на Куманово гостуваат кај Шкупи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 18 часот, во рамките на 9. коло од домашниот шампионат, гостуваат кај екипата на Шкупи во СРЦ Кале.

Од досега одиграните осум кола, кумановци имаат по четири победи и исто толку порази. Следниот меч на домашен терен го играат против лидерот од табелата, Блокотехна на 12. декември, а вечерва во Скопје ќе се борат за својата петта победа, откако минатиот викенд ја прекинаа црната низа совладувајќи го Пелистер.