Кошаркарите на Куманово утре гостуваат кај Работнички

loading...

Кошаркарите на Куманово утре гостуваат кај Работнички во рамките на вториот дел од домашниот шампионат за оваа сезона.

 

 

Натпревар од голем интерес, во кој блага фаворитска предност има домаќинот Работнички, со оглед дека од досега одиграните 11 натпревари не бележи пораз, но и фактот дека игра пред домашна публика.

 

 

Сепак, кумановци напорно тренираа по празниците и нема да се предадат лесно, иако од клубот по завршувањето на полусезоната си замина српскиот интернационалец Немања Миљковиќ кој играше на центарската позиција. Од Управата најавуваа дека за неговото место се преговара со играчи од домашната кошаркарска сцена, no засега нема информации за засилување на ростерот на Александар Петровиќ.

 

 

Првиот дел од сезоната заврши одлично за кумановци кои останаа на третата позиција со 7 победи и 4 порази од одиграните 11 кола, но со исто толку поени на 4. позиција се наоѓа КК Гостивар, кој утре ќе ги одмери силите со составот на четвртопозиционираниот Фени Индустри, што значи дека ќе следуваат дефинитивно промени на табелата.

 

 

Во 11. коло од Првата лига утре Блокотехна го пречекува Кожув, Пелистер му гостува на Шкупи, Ав Охрид игра со КК Струмица, додека дербито Карпош Соколи – МЗТ ќе се одигра на 17. јануари.

 

 

Мечот Работнички – Куманово започнува во 18 часот во Градски парк, а во директен пренос можете да ја следите на програмскиот сервис на МРТ.

фото: архива


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments