12.02.2018 16:23

Кинеската Нова година одбележана во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

loading...

Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска беше одбележана кинеската Нова година, во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка.

 

 

Кинеска Нова година или пролетен фестивал во Кина се прославува на различен датум, а оваа година е во знакот на кучето. Заедничкото чествување на овој празник е само почеток на одбележувањето на 25-годишнината од одбележувањето на воспоставување на дипломатските односи.

 

 

– Кинезите ја прославуваат својата, според мојата евиденција, 4715. година и ова е година на кучето. Кинеската Нова година е позната како Пролетен фестивал кој почнува во првиата ноќ од раѓањето на новата Месечина. Новогодишното празнување трае 15 дена и завршува со фестивал. прославата традиционално е проследена со религиозни церемонии и огномети. Кинескиот календар датира од околу 2600 години пред наата ера и е базиран на движењето на месечината и сонцето, лунарната година е составена од 12 месеци од 12 и пол дена, рече Љупчо Маленков, претседател на друштвото.

Претседателот на кумановскиот огранок на друштвото Жика Крстевски вели дека е задоволство што се возобновува една соработка која пред десетина години била поплодна.

 

 

– Околностите кои ги имавме во нашата држава не отргнаа од тие работи и сега очекувам дека со оваа возобновување на соработката ќе имаме можност малку повеќе да си ги презентираме културите и традицијата меѓу овие две држави, рече Крстевски.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Куманово вели дека е чест за кумановци да бидат домаќиин на овој настан кој покажува дека Куманово е општина во космополитски дух.

 

 

– Сме организирале многу настани поврзани со активностите на Европската унија, сме организирале и организираме многу настани во кои можност имаат и нашите прекуатлантски пријатели да присиствуваат во нашиот град на вистина е чест и задоволство денеска во рамките на оваа традиционално пријателство на македонскиот и кинескиот народ, градот домаќин да биде нашата општина. Ја поддржувам оваа иницијатива и во име на нашите граѓани ја поздравувам, рече Димитриевски.

Димитреивски изрази надеж дека ќе продолжи градењето на взаемните односи, односите на стопанските субјекти, соработка на полето на културата и да продолжи заедничката изградба на соработката помеѓу граѓаните на Народна Република Кина и Општина Куманово.

 

 

На прославата не присуствуваше амбасадорот на Народна Република Кина, но во негово име пред присутните се обрати советникот Мао Чинг Венг кој рече дека кинеската Нова година е највежен празник во Кина и тоа е време кога најблиските се заедно и се збогуваат со старата пречекувајќи ја Новата година.

 

 

– Минатата година беше особено важна во кинеската историја, затоа што се одржа 19. Конгрес на Кинеската Комунистичка партија, овој конгрес беше успешно одржан и се истакна дека создавањето на социјализам со кинески карактеристики влегува во нова ера во која Кина се развива во големо и успешна земја, соработува со други земји за да се зодадат нови начини на меѓународни односи каде се става акцент на меѓусебно почитување, фер односи, правда, соработка каде сите добиваат и изградба на заедница со заедничка иднина за целото човештво, рече сосвеникот Мао Чинг Венг.

Одбележувањето беше збогатено со музички настапи, рецитали, настапи на танцови групи и културна програма, но изостана учеството на најавените пејачки Елена Ристеска и Сузана Спасовска.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments