Казна за Карпош Соколи и поради нерегуларности на мечот со КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Управата на Карпош Соколи ќе треба да искешира вкупно 10.000 евра за казни кои им ги изрече раководството на БИБЛ лигата. Дел од казната, односно 5.000 евра се однесуваат за неправилен настап на мечот кој го одиграа со КК Куманово во Скопје, Односно во даден момент на теренот немало ниту еден домашен играч на теренот, што се коси со пропозициите на БИБЛ.

Вториот дел од казната се однесува за одлуката кошаркарите на Карпош Соколи вчеравечер да го напуштат теренот на мечот кој го играле против Теодо, поради обвинувања за силни местенки против нив. Со по 5.000 евра е казнет самиот клуб, но и тренерот Драган Николиќ што донел таква одлука.

Доколку сакаат да го продолжат своето учество во лигата, од управата на БИБЛ им било наложено 6.000 евра до утра да бидат уплатени на нивната смета. КК Куманово и Карпош Соколи на 1ви март во Куманово треба да го одиграат вториот меч пред почетокот на четвртфиналето и полуфиналето од оваа балканско натпреварување.

Недоразбирања со судиите имаше и вчеравечер на мечот КК Куманово – КК Пеќ, кога во одредени моменти тренерот Србиновски довикуваше за несудени фаули и прекршоци за гостинската екипа или пак за претерано „казнување“ на домашната. Тие го исклучија од мечот и Никола Караколев, кој по исклучувањето мораше да ја напушти клупата и се упати на трибините од каде сакаше да го проследи остатокот од натпреварот, но за судиите и делегатот и тоа не беше доволно, па го прекинаа мечот се додека Караколев не го избркаа од салата.

 

Loading...