Какво ќе биде времето денес и во наредните неколку дена?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 3, амаксималните од 12 до 17 степени целзиусови.

Сончево до умерено облачно ќе биде и во Куманово, каде се очекува сосема слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе го достигне 14-от степен, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти и до 0 степени цезлисови.

Во текот на оваа работна недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура и со позитивни утрински температури. Зголемена облачност насекаде, со услови за слаб дожд во западните делови, ќе има во вторнок преку денот. Од вторник следува период на не многу изразен претежно јужен ветер.