Изгоре оџак на семеен дом во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово бележат интервенција на запален оџак на семеен дом лоциран во населбата Перо Чичо. Откаок бил примен повикот во 17:25 часот петмина пожарникари со едно против пожарно возило излегле на терен и со огнените јазици се бореле до 18:45 часот кога бил ликвидиран пожарот.

Ова е уште еден во низата пожари како резултат на неисчистени оџаци, а до граѓаните се апелира своите печки и оџаци да ги чистат барем еднаш месечно, за да не дојде до избувнување на пожари.