Избирачкиот список за локалните избори од денеска на увид

Сподели со своите пријатели

Од денеска па до 9ти септември граѓаните ќе имаат можност да направат увид во избирачкиот список за локалните избори и да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците.

На списокот се запишани 1.816.127 граѓани, а во материјалот доставен од Заводот за статистика брз база на податоците од Министерството за внатрешни работи, неажурирани се податоците за 11.346 лица, поради непостоење адреса на живееење и отпуст од државјанство.

По поднесување на барањето, Државната изборна комисија е должна да го реши во рок од 24 часа.

Во рок од пет дена од денот на завршување на јавниот увид, Комисијата избирачкиот список го доставува до политичките партии.

Воедно од денеска започнува и рокот за собирање потписи за листи на независни кандидати за советници и градоначалници, што ќе трае до 4ти септември, а пак политичките партии своите листи на кандидати треба да ги достават најдоцна до 9 септември.

Кампањата започнува на 25 септември и ќе трае до 13ти октомври на полноќ кога и започнува предизборниот молк.

Локалните избори се закажани за 15ти октомври, а евентуалниот втор круг ќе се одржи на 29ти октомври.