Илија Димовски претседател на Комисија за избори и именувања, седница в понеделник

Сподели со своите пријатели

Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со КОмисијата за избори и именувања, ова е договорот по три дена координативни преговори помеѓу политичките партии.

Оливер Спасовски вели дека попуштиле за да може да функционира Собранието.

Ние прифативме да претседателот на комисијата биде од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се откочат процесите, да профункционира демократкста тенденција и граѓаните да не бидат заложници – изјави вчера Оливер Спасовски.

Димовски пак истакн дека ова не е добар гест, туку постапување по правилата и најави дека во понеделник ќе се одржи собраниска седница на која ќе се гласа за составот на Комисијата за избори и именување.

СДСМ после долго време прифати дека се губитничка партија на изборите и дека се вторапартија во Собранието. Според процедурите треба да се свика заседание на комисијата и таму да се разгледаат предлозите за претседател на Собранието – изјави Илија Димовски.

Во Комисијата, ВМРО-ДПМНЕ има шест, СДСМ пет челнови, додека со по еден член во работата на воаа тело ќе учествуваат ДУИ и БЕСА. Тие треба да изнајдат решение за свикување на продложена конститутивната седница и пратениците да се вратат во Парламентот, каде треба да се избере претседател кој ќе треба да ги распише и локалните избори.

 

Loading...