И за денес најавени дожд, ветер и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во јужните и западните делови променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.Минималните температури ќе се движат од 10 до 18, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 25 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината за денеска може да се очекува претежно облачно време со услови за врнежи од дожд и грмежи во попладневните, но и во вечерните часови. Ќе биде ветровито, на моменти ќе имаме и засилен северен, односно североисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени, додека истата во текот на ноќта ќе падне до 11.

Од петок ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура, велат кратко од УХМР.