И Мирко Ковач ќе го засили ростерот на КК Куманово

loading...

Ново странско засилување пристигнува во ростерот на Кошаркарскиот клуб Куманово. Станува збор за 34-годишниот српски интернационалец Мирко Ковач кој ќе игра на крилната позиција во тимот.

Кошаркарот висок 199 сантиметри зад себе има богата кошаркарска кариера. Има настапувано за Партизан и Црвена Ѕвезда, но и во АЗС  Кошчалин, Апоел од Никозија, романските Крајова и Питешти, додека пак лани имаше договор и со гркиот Короивос.

Пред само 24 часа тимот на тренерот Игор Михајловски беше засилен со Србинот Немања Миљковиќ.


Последни наслови

Facebook Comments