И денес сончево време, врнежи од дожд во петок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со мала локална облачност како и со слаб југоисточен ветер, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено болачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 11 степени. Претпладне по оделни места со густа магла.

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини и по речните долини во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на а магла и ниска облачност.

В петок, во текот на ноќта кон сабота се очекува промена на временската состојба над нашето подрачје. Ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.