Хигиеничар го претепал директорот на ООУ „Бајрам Шабани“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Н. (48) од Куманово, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот бил вработен на работно место хигиеничар во Основно Училиште “Бајрам Шабани” во Куманово до април 2017 година кога самиот дал отказ од работното место и потоа повторно сакал да се врати на работа, но директорот на наведеното училиште Г.Р.(49) од Куманово, не бил во можност да го врати на работно место.

Од тогаш започнал револт на пријавениот према Г.Р. по што на 29.11.2017 година, околу 11,00 часот, пријавениот заедно со неговиот син дошол вогоренаведеното училиште, влегле во канцеларијата на Г.Р. и по кратка вербална расправија почнал да го удира со тупаници во предел на глава и тело при што му нанел телесни повреди.