Хашкиот трибунал не постигна помирување во поранешна Југославија

loading...

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска пред Советот за безбедност на Обединетите нации рекол дека е тешко да не се сложите со оние кои тврдат дека Трибуналот, кој се затвора кон крајот на оваа година, не постигнал помирување во поранешна Југославија.

– Како што видовме во минатите две недели, злочините оставиле рани кои се уште не се излечени. Осудените воени злосторници многумина и натаму ги гледаат како херои, додека жртвите и преживеаните се игнорирани и отфрлени. Мачни факти и натаму отворено се негираат или отфрлуваат со укажување на злосторства кон другите, рекол Брамерц во својот последен извештај пред Советот за безбедност на ОН.

Поставувајќи го прашањето зошто помирувањето останува значаен предизвик и денес, главниот обвинител рекол дека реалност е дека и натаму не постои вистинска волја во регионот да се прифатат огромните злосторства од минатото и да се тргне напред, најмногу помеѓу политичките лидери.

Брамерц оценил дека премногу луѓе ги слушаат воените злосторници кои се кријат зад тврдењата за колективна одговорност.

– Спротивно на тоа, ние секогаш инсистиравме на принципот на индивидуална кривична одговорност. Факт е дека злосторствата не ги починиле нации или народи, туку поединци и најмногу високи политички и воени лидери. Ниту една заедница не сноси одговорност за она што им е направнео на тие луѓе. Нивната вина е само нивна, рекол Брамерц.

 

 

Тој подвлекол дека останува уште многу да се направи затоа што многу жртви се уште чекаат правда.

– На земјите во регионот им е потребна поддршка, како и до сега. Тие нема да бидат во состојба да остварат правда и помирување сами, рекол Брамерц.

Главниот обвинител рекол дека Хашкиот трибунал остава богато и сложно наследство затоа што многу жртви и преживеани во извесна мерка виделе задоволување на правдата за огромните злодела кои им биле нанесени.

– Веруваме дека нашите резултати се веродостојни, оценил Брамерц, наведувајќи дека Трибуналот значително допринел во одржавањето на меѓународниот мир и безбедност.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments