Граѓаните да ги заменат дозволите за поседување и носење оружје

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи соопштува дека согласно одредбите од член 86 од Законот за оружјето рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје, истекува на 12.04.2017 година.

До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.

Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице.