31.01.2018 22:30

Градот во кој косата е највредниот имот: Толку е ценета што крадците ноќе ја крадат (видео)

loading...

За квалитетна коса тука можете да добиете и две просечни плати.

Кога Далила Хернандез Родригез излегла од домот нејзините родители ја предупредувале да внимава на косата. Ништо лудно затоа што нејзината густ аи црна коса била соберена во голема пунџа.

Уште додека била мала луѓето се обидувале да ја наговорат да ја продаде косата, но таа упорно ги одбивала. Сепак, кога косата и пораснала да може да седи на неа, родителите се загрижиле. Низ Хавана кружеле приказни за луѓе кои крадат коса.

Тоа ја натерало да оди до познат фризерски салон и да ја понуди својата коса. И дале 140 долари, еквивалент на пет месечни плати на Куба. Во салонот минала три часа. Фризерот посебно се воодушевил со фактот што нејзината коса никогаш не е бојадисувана или третирана на некој друг начин.

Според зборовите на Селија Мендоза која купува коса, некогаш било многу лесно да се дојде до неа на Куба. Само било потребно од мајките да побарате на девојчињата да им се исечат „киките“. Со епидемијата на вошки кои владееле во градот пожелно било да имате кратка коса.

Сега е многу потешко затоа што луѓето ја сфаќаат вредноста на косата, па таа мора да вработи луѓе кои наменски ја обиколуваат Куба во потрага за коса. Некогаш ги нема со денови, но кога ќе се вратат донесат првокласна коса. Просечно плаќаат 82 долари за квалитетна коса.

Слична пракса има и Белека Латина која држи салон во подобриот дел на Хавана, а косата ја продава на локални пејачки, актерки и богаташи, но и странци кои ценат што косата е природна. Во нејзиниот салон потсојат илјадници примероци коса, а цената се движи од 150 до 400 долари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments