Голем шумски пожар беснее на Скопска Црна Гора (фото)

Сподели со своите пријатели

Голем шумски пожар беснее на Скопска Црна Гора, а со голо око и од кумановска страна може да се забележат пламени јазици, како и чадот кој во текот на денот се издигаше во облаците.

 

Loading...

 

Екипите на скопската противпожарна единица се на терен, меѓутоа непристапниот терен, како и зафатената територија се очигледно претешки за справување, со што се јавува и потреба од воздушна интервенција.

 

 

Од Противпожарната биргада на Скопје велат дека пожарот избувнал вчера попладне, меѓутоа чад беше забележителен и во текот на изминатите денови. Огнен прстен ја зафати целата планина и ветерот дополнително го разгорува огнот.

 

Loading...

 

Станува збор за селата Буличани и Раштак, но нема реакција од Кризниот штаб ниту ангажирање на авионите за гаснење.

 

 

Вчеравечер голем пламен беше воочлив и на планините во липковскиот регион, а повеќе детали од кумановската противпожарна единица ќе се обидеме да добиеме во текот на денот.