26.02.2018 09:07

Гатузо: Сега сме по самоуверени


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, е задоволен што тимот игра се подобро, а доказ за добрата форма е синоќешниот триумф на гостувањето кај Рома (2:0).

– Рома има многу добар тим и моравме да направиме големи напори да победиме. Вистината е дека изгубивме многу бодови од почетокот на сезоната, вклучително и под мое водство. Ние дури не го победивме Бенвенто. Сега сме посигурни, посамоуверени и дејствуваме како вистински тим, рече Гатузо.

Предводникот на росонерите бара многу движење во текот на натпреварите, а упати пофалби на адреса на одбраната.

– Сакам да ја истакнам играта во одбрана, бидејќи уште еднаш одлично се справи со противничките фудбалери.  Тоа е она што ме прави среќен, додаде Гатузо.

Милан го очекува меч со Лацио во италијанскиот куп, а потоа со Интер и Арсенал./МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments