Функционира ли дезодорансот навистина?

loading...

Дезодорансот е меѓу козметичките производи кои ги користиме наутро и забораваме за него во остатокот од денот. И така до моментот во кој еден ден ќе забележиме дека од пазувите се носи непријатна миризба, почнуваме да се прашуваме дали утринава не сме заборавиле на дезодорансот. Сигурни сме дека сепак не сме. Каде тогаш се крие проблемот?

Излегува дека понекогаш користиме погрешен производ за соодветниот проблем. Ако не сме сигурни кога што да користиме, следнава информација ќе биде од корист.

Дезодоранс: Да ги парфимира пазувите

Овие производи служат само за арома. Дезодорансите не го запираат потењето, едноставно додаваат малку мажествен мирис. Со промената на сезоните тоа може и да престане да дава ефект.

Шест пораки кои ни ги испраќа телото со зголеменото потење

Во зима не се потиме толку и едноставно би сакале да мирисаме добро. Во потоплите сезони сепак потните жлезди лачат поголеми количини пот, а во овие случаи употребата на дезодоранс не може да помогне.

Антиперспирант: Суши и ја неутрализира потта

Овие производи обично претставуваат бел стик и содржат алуминиум хлорид – сол, кристали кои продираат во потните жлезди. Каква врска има тоа со непријатниот мирис? Во пазувите има два вида потни жлезди – екринни и апокринни жлезди.

Апокринните жлезди лачат повеќе липиди. Од друга страна, бактериите кои се наоѓаат на кожата, ги разградуваат и како последица на тоа се формира нис ефект – непријатна миризба.

Најважно во случајот е да се задржи на кожата сува, за што помагаат антиперспирантите.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments