Фетаи: Груевски е обвинет за насилство, адвокатите одолговлекуваат

loading...

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи по денешното судско рочиште за предметот „Насилство во Центар“, рече дека Никола Груевски е обвинет за кривично дело „насилство“ според Кривичниот законок, за кое е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

– Дејствијата кои му се ставаат на товар нему и на останатите обвинети се детално опишани во обвинителниот предлог по кој се постапува, рече Фетаи.

Оцени дека е позитивно тоа што денеска конечно почна изведувањето на доказите предложени од страна на Обвинителството.

– Беше извршено директно испитување на првиот сведок Андреј Жерновски. Наредниот пат продолжуваме со вкрстено испрашување на Жерновски од страна на адвокатите, како и со останатите сведоци предложени од наша страна, истакна Фетаи.

На новинарско прашање како го цени однесувањето на адвокатите на обвинетите во овој случај, кои во голем дел од распитот ја попречуваа, Фетаи со одговор дека нивното однесување треба да го цени Судот и тој е единствено овластен да презема мерки доколку некој во судница се однесува несоодветно.

– Во секој случај се очигледно е дека се обидуваат да ја одолговлекуваат постапката, односно самиот почеток на постапката која што конечно денеска почна, изјави обвинителката.

По завршувањето на рочиштето Груевски изјави дека денеска поминале уште еден ден на судење што е дел од политички прогон.

– Замислете во 21 век одиме на судење затоа што имало протести на кои некој скршил неколку стакла од прозори и сега бараат дали имало организатор на протестите. Апсурдна е ситуација зошто сведоци се нашите директни политички противници,  рече Груевски.

Направи споредба со протестите на Шарената револуција кога беше демолирана канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов кога, како што рече Груевски, била запалена канцеларијата, а во истата зграда имало и станари кои можеле да изгорат во пожарот.

Груевски истакна дека немало никакви нарачани шамари за некого. – Шамари ниту некој удрил, ниту се обидел да удри, истакна Груевски.

Сведокот Андреј Жерновски пакпо рочиштето рече оти очекува организаторите да бидат казнети.

– Се надевам дека мојот исказот ќе придонесе оние кои се организаторите на овие немили настани да одговараат, не само затоа што го сторија тоа што го сторија, туку и никогаш да не се повтори повеќе, рече Жерновски.

Тој на денешното судско рочиште во врска со обвинението на СЈО за насилствата во Општина Центар, рече дека препознал двајца од насилниците кои ја демолираа општинската барака.

За еден, рече дека седи во судницата, додека вториот не беше присутен бидејќи поради здравствената состојба му се суди во раздвоена постапка. Него, како што рече Жерновски, сум го гледал на сите протести на ВМРО-ДПМНЕ и тој беше најжесток во своите напади. – Наместо антихрист, тој кажа дека сум антифашист, додаде Жерновски.

На наредното рочиште закажано за 18 декември Жерновски вкрстено ќе биде испрашуван од одбраната.

Денешното судско рочиште за случајот „Насилство во Цернтар“ во Кривичниот суд се снимаше со камера.

На претходните рочишта, како што објави МИА, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments