„Фејсбук“ заедницата брои две милијарди корисници

Сподели со своите пријатели

„Фејсбук“ заедницата од вчера и официјално брои две милијарди корисници, објави коосновачот на оваа социјална мрежа Марк Зукенберг.

Напредуваме поврзувајќи го светот, а сега ајде да се зближиме. Чест е да се биде на оваа патување со вас – вели Зукенберг, а пренесува агенцијата „Франс прес“.

Објавата за новиот рекорд на бројот на корисници на „Фејсбук“ доаѓа во момент кога компанијата ја редифинира својата цел, предводена од Зукенберг, кој овие години е на турнеја низ САД за да подобро разбеше што е тоа што луѓето го сакаат на оваа социјална мрежа.

Сфаќаме дека мораме да направиме уште повеќе. Важно е да им се даде збор на луѓето за да добиете разновидни мислења однадвор, но пред се мора да работите на изградба на заедничка основа за да сите можеме да напредуваме заедно – вели овој 33-годишен милијардер во неодамнешното интервју за „CNN Tech“.

Основан е во 2004 година, „Фејсбук“ пред пет години ја достигна првата милијарда корисници.

Наоми Глеит, потпретседател на овој интернет гигант, растот на корисници го препишува на милионите мали заедници на „Фејсбук“. Повеќе од милијарда луѓе, вели таа, „четуваат“ во групите на „Фејсбук“ секој месец и повеќе од 800 милиони луѓе во просек лајкува нешто на социјалната мрежа.

Во меѓувреме, социјалната мрежа исто така објавила дека во последните два месеци избриша 66.000 постови неделни настојувајќи да го сузбие она што претставува говор на омраза.

Него профитот на „Фејсбук“, благодарение на рекламите кои претставуваат главен извор на приходи е пораснат за 75%, на три милијарди долари во првиот квартал оваа година, додека прометот е зголемен за 49% на осум милијарди долари.