Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” утре на гостински терен ќе ги одмери силите со полскиот клуб Роса Радом, а во рамките на третото натпреварување во ФИБА Еврокуп.
Претходно, кумановските кошаркари на домашен терен го совладаа тимот КТП Баскет од Финска со резултат 88-78 (26-23, 23-6, 17-22, 22-27).
Тимот од Полска веќе се сретна со ТУРК ТЕЛЕКОМ, каде беше поразен исто како и КК Куманово на натпреварот одржан во Анкара. Според моменталната табела, во групата Ј во која спаѓа и КК Куманово, први се кошаркарите од Анкара, втори се Роса Радом, трети КК Куманово, додека КТП Баскет се четврти.
ГРУПА Ј
Куманово – КТП 88-78
Роса Радом – Турк телеком 68-84
ТАБЕЛА
1. Турк телеком 2 2 0 177-139 4
2. Роса Радом 2 1 1 165-160 3
3. Куманово 2 1 1 159-171 3
4. КТП 2 0 2 154-185 2
Идно коло: Роса Радом – Куманово, Турк телеком – КТП.