ЕУ објави црна листа на 17 порески раеви

loading...

Европската унија објави „црна листа“ од 17 земји, фискални раеви, кои не прават доволно во борбата против фискалната измама, изјави денеска францускиот министер за економија и финансии Бруно Л Мер.

Тој, како што пренесуваат француските медиуми, рекол дека листата е објавена денеска во Брисел.

– Денеска усвоиве на ниво на ЕУ, листа на земји кои не го прават она што е неопходно во борбата против фискалната проневера. Оваа црна листа опфаќа 17 држави, изјавил францускиот министер за време на состанокот на 28 министри за финансии на земјите членки на ЕУ во Брисел.

На листата се: Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гвам, Јужна Кореја, Макао, Маршалските острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.

Л Мер вели дека уште 47 места се додадени на сивата листа земји кои моментално не ги почитуваат европските критуеруми, но презеле неопохдни фискални мерки.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments