Есента „ќе ги покаже забите“: Утрински температури околу нулата

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Ветерот ќе засилува најпрвин околу пладне на северот од земјата. Најмалку врнежи ќе има во централните делови и кон југоистокот. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал до 14 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со краткотрајни сончеви периоди и температура до 16 степени. Ќе дува засилен северен ветер, а во текот на денот се можни и краткотрајни врнежи и грмежи.

Денес и во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура. Во среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено. Во петок ќе има ново наоблачување со врнежи од дожд.

Утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање до петок кога ќе бидат околу нулата, но и за времето на викендот кога наутро ќе имаме само неколку степени над нулата.

 

Loading...