Екипата на ТВ „24“ нападната на портестот „За заедничка Македонија“

Сподели со своите пријатели

Новинарската екипа на Телевизија „24“ следејќи го протестот „За заедничка Македонија“ вчеравечер биле вербално и физички нападнати од демонстранти, меѓутоа не дошло до поголем инцидент.

Како што велат од телевизијата организаторите се оградиле од инцидентот со образложение дека тоа било случајно и ненамерно.

Новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата, по што повторно од организаторите им било кажано дека човекот што го веел знамето, не знаел како се вее.

Претходно нападната беше и екипата на порталот А1он, кога снимател и новинар со помал потрес на мозокот завршија на Ургентнио центар во Скопје.

Здружението на новинари на Македонија повика на бојкот на ваквите протести на кои не се гарантира безбедноста на новинарските екипи кои се присутни за да известуваат за случувањата од улиците и се постојана мета на вербално, но и физички напади и закани од протестантите, а особено оние кои работат за критички насстроени медиуми.

 

Loading...