Двајца кумановци ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. (32) и Д.А. (47), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 18.02.2017 година во с.Проевце, кумановско, пријавените ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство над М.Б. (27). Пријавените го удирале со тупаници во пределот на главата и со клоци во пределот на стомакот, при што му нанеле телесни повреди, а со тоа во јавноста предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.