Душан Свилар и богата програма на Тамбурашкиот фестивал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Богата програма се подготвува за 13-то издание на фестифалот на тамбурата во Куманово, но оваа година тој нема да се одржи на градскиот плоштад туку во „Касапски круг“.

Едно од позвучните имиња кои ќе настапат на првата вечер на фестивалот е некогашниот победник на шоуто „Ѕвездите на гранд“, Душан Свилар кој ќе настапи со Тамбурашкиот оркестар „Д7“ од Нови Сад, Војводина. Фестивалот на 25ти ќе го отворат Наши Тамбураши заедно со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, а тука е и оркестрот „Тамбураториум“ од Панчево, Република Србија.

Втората вечер, односно 26ти август ќе ја отворат Кратовски тамбураши, а ќе настапат и окрестрите Дунавкиње од Унгарија, Беќаруше од Хрватска, а ќе ја затворат Пљевља од Црна Гора со вокалните солисти Нина Стругар и Мугдин Мухатовиќ.

Стартот на фестивалот е од 20:30 часот.