Вчера околу 19.00 часот на Полициска станица за Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Ауди“со српски регистарски ознаки, управувано од С.М. (52) од Република Србија, било констатирано дека е фалсификуван серискиот број на возилото.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети, возилото е одземено.
Во 19.50 часот, со потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.