ДПА: Резултатот за нас е солиден и ние ќе продолжиме да се бориме

Сподели со своите пријатели

Благодарност до сите кои го дадоа својот глас за Демократската Партија на Албанците, а кои се околу 22.000 илјади гласачи на републичко ниво, и кои со нивниот глас ја одржуваат ова идеја и определба, изјави на денешната прес-конференција пoтпртседателот на ДПА Бардил Даути.

Loading...

Посочи дека ДПА на овие избори настапи сама за разлика од другите партии на Албанците кои имале коалиции со други македонски партии.

– Коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ беше јавна, транспарентна и најавена, додека пак скриената коалиција на БЕСА и Алијансата на Албанците со ВМРО во некои општини беше решавачка за исходот од овие избори. Но, овие коалиции јавноста може да ги  уочи. Доволно е да се погледнат резултатите од изборите во Струга, Дебар, Гостивар, Боговиње, и Врапчиште, каде јасно се гледа тесната соработка помеѓу Алијансата и ВМРО. Исто така, ако се погледнат резултатите во општините Брвеница, Тетово, Теарце, Сарај и Чаир, очигледна е коалицијата помеѓу БЕСА и ВМРО, рече Даути.

Резултатот, рече Даути, за нас е солиден, и ние ќе продолжиме да се бориме за овие вредности кои ја афирмираат албанската кауза.

Извор: МИА