Дневните температури во пораст, утринските релативно ниски

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта како и утринава облачноста се намалуваше, како резултатна што и утринската температура насекаде се спушти под нулата. Преку ноќта имаше слаб ветер од северозападен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе имаме претежно сончево со слаб до умерен, наместа засилен северозападен ветер. Највисоката температура преку денот се очекува да достигне од 4 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува Засиен североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува шест степени целзиусови.

И во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, но и со ниски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст а утринските ќе останат релативно ниски. В петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.