ДИК: Излезеноста до 10 часот 8,98 проценти

Сподели со своите пријатели

Излезеноста до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територијата на Македонија е 8,98 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

По општини најмала излезеност е забележана во Врапчиште 3,51 процент, а најголема во Демир Капија од 19,15 проценти.

На територија на Град Скопје излезеноста изнесува 9,56 проценти. Најмала излезеност во скопските општини има во Чаир 5,76 проценти, а најголема во Ѓорче Петров 11,53 проценти.

Во општина Аеродром на гласање излегле 10,62 проценти, во Бутел 10,61 процент, во Гази Баба 11.01 процент,  во Карпош 10,99 проценти, во Кисела Вода 10,22 проценти, во Сарај 6,87 проценти, во Центар 9,96 и во Шуто Оризари 7,79 проценти.

– На сите 3.480 избирачки места гласањето е започнато и тече без неправилности. На некои места има доцнење од најмногу половина час од причина што избирачките одбори работеле на отстранување на пропаганден материјал, рече Гугучевска.

ДИК ја соопшти излезеноста и во сите општини во Македонија до 10 часот.

Во Аеродром излезеноста е 10,62 проценти, во Арачиново 8,14 проценти, Берово 13,91 процент, Битола 9,57 проценти, Богданци 11,39 проценти, Боговиње 4,08 проценти, Босилово 5, 25 проценти, Брвеница 5,54 проценти, Бутел 10,61 процент, Валандово 9,97 проценти, Василево 7,18 проценти, Вевчани 9,48 проценти, Велес 10,72 проценти, Виница 10,17 проценти, Врапчиште 3,51 процент, Гази Баба 11,01 процент, Гевгелија 13,53 проценти, Ѓорче Петров 11,53 проценти, Гостивар 4,41 процент, Градско 11,57 проценти, Дебар 5,78 проценти, Дебрца 10 проценти, Делчево 12,87 проценти, Демир Капија 19,15 проценти, Демир Хисар 12,76 проценти, Дојран 11,3 проценти, Долнени 4,82 проценти, Желино 4,77 проценти, Зелениково 10,02 проценти, Зрновци 31,21 процент, Илинден 8,05 проценти, Јегуновце 5,39 проценти, Кавадарци 12,56 проценти, Карбинци 10,35 проценти, Карпош 10,99 проценти, Кисела Вода 10,22 проценти, Кичево 7,4 проценти, Конче 7,70 проценти, Кочани 12,2 проценти, Кратово 11,34 проценти, Крива Паланка 14,86 проценти, Кривогаштани 8,15 проценти, Крушево 12,32 проценти, Куманово 8,10 проценти, Липково 3,84 проценти, Лозово 14,73 проценти, Маврово-Ростуше 5,11 проценти, Македонска Каменица 15,44 проценти, Македонски Брод 11,51 процент, Могила 4,74 проценти, Неготино 11,74 проценти, Новаци 11,63 проценти, Ново Село 7,93 проценти, Охрид 7,19 проценти, Петровец 9,38 проценти, Пехчево 14,28 проценти, Пласница 10,72 проценти, Прилеп 13,83 проценти, Пробиштип 11,26 проценти, Радовиш 7,8 проценти, Ранковце 17,29 проценти, Ресен 11,2 проценти, Росоман 8,06 проценти, Сарај 6,87 проценти, Свети Николе 13,32 проценти. Сопиште 10,37 проценти, Старо Нагоричане 9,28 проценти, Струга 6,64 проценти, Струмица 9,26 проценти, Студеничани 5,53 проценти, Теарце 5,45 проценти, Тетово 4,83 проценти, Центар 9,96 проценти, Центар Жупа 6,87 проценти, Чаир 5,46 проценти, Чашка 10,81 процент, Чешиново- Облешево 10,24 проценти, Чучер-Сандево 10,58 проценти, Штип 13,61 процент и Шуто Оризари 7,79 проценти.

Државната изборна комисија информира дека има воспоставено кол-центар кој е во постојана комуникација со сите ОИК. Досега нема податоци за инциденти на избирачки места.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја одржи во 14:00 часот.