Дезир: Стабилно финансирање и независна уредувачка политика на јавниот радиодифузер

loading...

ОБСЕ ја поздравува одлуката на Владата да стави крај на механизмот на претходната влада преку кој се трошеа пари за реклами во приватните медиуми. Според ОБСЕ, Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и да бара начин на поддршка на приватните медиумски куќи, особено на печатените медиуми.

Ова го истакна претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Харлем Дезир по средбата со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој потенцира дека новиот закон ќе ги потисне субвенциите со кои порано медиумските куќи се ставаа под контрола и ќе овозможи слободно работење и на регулаторната агенција за да се овозможи слободно поле на работа на медиумите.

– Имаше многу силен комерцијален механизам преку кој  многу големи средства се трошеа на реклами кај одредени медиуми. Фактички тоа беше ставање притисок на медиумите затоа што на тој начин нивните ресурси зависеа од таквиот однос. Тоа се ресурси кои не се стабилни и зависат од месец на месец од тоа како ќе одлучат да ја тераат рекламната кампања институциите на државата. Тоа доведе да имаме медиуми кои не би преживеале без тоа, со што всушност дојде до посилна контрола од владата врз медиумите. Мислам дека беше многу мудра одлуката да се стави крај на тој механизам. Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и треба да бара други начини на поддршка на приватните медиумски куќи и таквата одлука на Владата треба да ја пофалиме, истакна Дезир.

Тој посочи дека меѓу сугестиите од ОБСЕ, кои се прифатени во нацрт верзијата на Законот и објавени на ЕНЕР за коментари, се дека треба да се обезбеди стабилност и финансирање на јавниот радиодифузер и квалитет и професионализам на јавниот радиодифузер на четирите канали и работата на повеќе јазици.

– Многу е важно  да се погрижиме дека јавниот радиодифузер ќе ја задржи својата незавиност и ќе ја задржи независноста на уредничката политика и на новинарите, посочи Дезир.

Според него, важно прашање е и безбедноста на новинарите пред органите на власта.

– Особено кога работат на истражувачки стории и корупција и особено што во минатото имало примери кога биле ставани во затвор. Треба да се погрижиме дека тој што ќе го направи тоа нема да помине неказнето, рече претставникот на ОБСЕ.

Министерот за информатичко општество и админситрација Дамјан Манчевски смета дека треба да се креира закон што ќе биде резултат на широка јавна дискусија во кој ќе бидат вклучени новинарските здруженија, медиумите, организациите на граѓанското општество и други.

Дезир престојува во дводневна посета на Македонија, а покрај со министерот Манчевски ќе се сретне и со невладиниот сектор, премиерот Зоран Заев, минисерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе има средби во Собранието, во Владата, со претставници од јавниот радиодифузер, новинската агенција МИА,…

По завршување на времето за коментари на ЕНЕР повторно предлог-законот ќе биде испратен до ОБСЕ од каде ќе се добијат завршни коментари и потоа јавно ќе биде претставена.

Владата и МИОА треба да креираат закон што ќе биде резултат на широка јавна дискусија во кој ќе бидат вклучени новинарските здруженија, медиумите, организациите на граѓанското општество и други.

– Во сензитивна област како што се медиумите, Владата и Собранието се оние кои ги прават законските измени, но моторите на медиумските ртеформи мора да бидат самите медиумски работници, рече Манчевски.

Тој посочи текстот со интегрираните забелешки од ОБСЕ е објавен на ЕНЕР и дека ќе следи уште една јавна дебата на која засегнатите страни ќе може да го кажат  своето мислење.

– По завршување на времето за коментари на ЕНЕР повторно предлог-законот ќе биде испратен до ОБСЕ од каде ќе се добијат завршни коментари и потоа јавно ќе биде претставена, рече Манчевски и додаде дека за тоа кога ќе биде донесен зависи од процесот на консултации што се во тек.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments