Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон ќе се одбележи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со воена свеченост во понеделник со почеток во 12.00 часот во касарната „Боро Менков“- Куманово припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон  ќе го одбележат 26 ти февруари, Денот на единицата.

По повод одбележување на  26ти Февруари, Денот на единицата делегација од единицата ќе изврши полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во селото Жегљане.

Во рамки на прославата ќе се изведат следните активности:  постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на командантот на гарнизон потполковник Ердоан Хасан, интонирање на државната химна на Република Македонија и химната на АРМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починати припадници на АРМ, честитање на празникот, пригоден говор, соопштување на стимулативни мерки награди и пофалници.

По завршување на официјалниот дел единиците ќе продефилираат пред присутните, а потоа следи презентација  на дел од  вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.

На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност, правни и физички лица со кои единицата има соработка.

Leave a Reply