Денеска сончево и топло, за утре УХМР повторно најавува нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 до 32 степени целзиусови. УВ идексот ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време со максимална дневна температура до 28 степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а не е исклучена и појава на невреме со град и засилен ветер.

Потоа следува стабилизирање на времето со покачување на дневната температура.