Денеска е Светскиот ден на водата

Сподели со своите пријатели

Светскиот ден на водата е меѓународна манифестација која е под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации – UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација,секоја година на 22 март со разновидни активности се одржува ширум светот.

Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

Денес, околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права.

Темата за оваа година се отпадните води, а на таа тема Министерството за животна средина и просторно планирање ќе одржи и конференција, додека пак Управата за хидрометеоролошки работи ќе организира нуркање во водите на езерото Матка.

 

Loading...