Деца си играле возачи па го прегазиле татко си со камион во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две малолетни деца од пет и осум години во игра стартувале камион марка „ТАМ“, а татко им во обид да го сопре камионот бил прегазен. Настанот се случил во населба Карпош во Куманово, во саботата во 15 часот и 45 минути, информираат извори од полиција.

Децата додека се играле во дворот влегле во камионот и го стартувале. Кога ги слушнал татко им се обидел да ги отвори вратите на камионот и да го запре но бил прегазен од задните тркала на товарното возило во пределот на карлицата. Камионот со децата продолжил да се движи по што удрил во бандера и застанал.

Децата се добро и поминале без повреда. Татко им со возило на итна медицинска помош бил донесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредата е однесен во ургентен центар во Скопје и е надвор од животна опасност.

Немилиот настан е пријавен во полицијата која извршила увид.