Дамјановски: Со милион евра ќе се уредува речното корито на Кумановка и Липковка (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешниот прес на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на која посочија дека градскиот кеј е во процес на распаѓање своја реакција имаше и градоначлникот Дамјановски кој вели дека овој дел од градот е во процес на уредување, но е наидено на технички проблем и работата продолжува веќе викендов.

Имаме тенички проблеми околу машинскиот дел, има диво изграден мост кој е сега во фаза на демонтирање, машините се присутни таму, во недела акцијашите продолжуваат со својата актиност, ангажирани се и вработените на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, значи тој дел ќе биде комплетно исчистен, меѓутоа повторно апел до граѓаните за одржување на самото речно корито и фрлање на отапдоци во реката со што ја контаминираат и загадуваат реката и штетно делуваат врз здравјето на луѓето. Ние ќе направиме чистење на речното корито во сабота, недела и понеделник, а на крајот на месецот ќе имаме 60 акцијаши од Република Срспка и Србија кои ќе бидат гости на нашите акцијаши и тогаш ќе направиме една ударна акција за чистење на реката, а пред неколку дена е изберен изведувач за регулација на речното корито од автопатот до вливот на реките Липковка и Којнарка – вели Дамјановски.

Loading...

 

Проектот чини милион евра, од кои 250.000 евра се издвоени од општинскиот буџет. Патот кон старата кланица е исчистен кај маркетот „Туш“, а акциите таму ќе продолжат до пругата.

Апелирам до „Македонски железници“ што поскоро да го интезивираат проектот за Бељаковска пруга и да направиме звучна ограда и да го оградиме тој дел. Со тоа Куманово ќе добие една повизуелна чиста слика, а животната средина ќе ја сочуваме, затоа што ќе нема можност тука да се депонира сметот бидејќи ова нерешна ситуација во изведбата на пругата дава можност несовесните граѓани тука да депонираат смет. Реката ќе биде исчистена и се надевам до крајот на есенските денови ќе биде изграднео корито од 1.800 метри – додаде Дамјановски.

Уништениот бекатон Дамјановски вели дека е поради тектонски движења, а реконструкцијата ќе треба да го поправи тој дел, паралелно со што ќе бидат поставени и нови клупи, а дел од старите ќе бидат обновени.