Дали е дозволен секс за време на циклус?

Сподели со своите пријатели

Честа е полемиката на темата дали паровите треба да имаат односи додека девојката има менструација или не?

За некои тоа не е хигиенски, додека други токму во тој период не можат да одолеат да немаат секс, а еве што велат лекарите и жените на ова прашање…
За време на менструалниот циклус женските гениталии не трпат никакви физички промени, ниту пак гениталиите се почувствителни за време на овие денови.

Меѓутоа, хормоналните промени кои се јавуваат во овој период кај некои жени можат да предизвикаат големи проблеми како главоболка, раздразливост, замор, прекумерено менструално крварење, болки итн.

Доколку ги имате овие симптоми сигурно не ви е дојдено до секс, но доколку имате менструален циклус без овие придружни симптоми тогаш не постои ниту една медицински оправдана забрана да водите љубов со партнерот за време на тие денови. Менстраулната крв не може да предизвика апсолутно никакви несакани ефекти, освен сексуално преносливите болести.

А што имаат да кажат жените на ова?! – Спроведеното истражување на оваа тема вели дека дури 80% од жените избегнуваат сексуални односи со партнерот додека имаат менструација, 75% од нив не сакаат дури ни да се мазат, додека 46% избегнуваат и да останат на спиење кај своето момче.

Иако од медицински гледна точка сексот за време на тие денови е сосема во ред, голем број жени одбиваат да се вклучат во жешките игри за време на менстрауцијата бидејќи се чувствуваат “валкани”.

Сепак, некои жени чувствуваат неверојатен сексуален нагон токму за време на месечниот циклус па неретко овие жени повеќе уживаат во сексот токму тие денови.

Што мислат мажите за ова?! – Како и припадничките на понежниот пол, па таа и мажите имаат поделено мислење на оваа тема. Голем број од мажите немаат ништо против да се вклучат во сексуален однос со својата поубава половина, додека некои мажи ќе избегнуваат да имаат однос тој период од хигиенски причини.

(мама365)