14.02.2018 13:12

Црвениот крст организираше меѓугенерациска средба


Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово,  по повод 14ти февруари празникот „Свети Трифун“ и Денот на вљубените, ја  организираше традиционалната музичко – забавна средба помеѓу пензионери  од Здружение на пензионери Куманово и волонтери од клубот на млади на Општинска организација Куманово.

– На средбата се изведуваат извадоци од драми, претстави, се чита љубовна поезија, по малку вино за многу љубов со многу дружење песни и ора. Постарите не потсетуваат нас помладите колку е битно да се има љубов во животот и ни раскажуваат по некоја романтична приказна од нивниот живот, а пак ние младите ги ипресионираме со нашата хуманост и љубовта која нештедејќи се себеси ја шириме во текот на цела  година, информираат од ООЦК.

Оваа активност веќе 7 години се спроведува успешно помеѓу младите волонтери на Црвен крст и кумановските пензионери.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments