Членовите на Бар Гладијаторс со нови успеси од Хрватска (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановците Роберт Ангеловски и Даниел Каранфиловски од street workout клубот „Бар Гладијаторс“ се вратија со нови успеси од Меѓународниот турнир кој се одржа во Пула, Хрватска изминатиот викенд.

 

Loading...

14269404_10202258774068352_1960000013_n-png

Од околу 40 пријави, во силна конкуренција од натпреварувачи од Хрватска, Словенија и Македонија, Роберт Ангеловски се врати со совоено трето место во категоријата склекови за една минута, додека Даниел Каранфиловски со трето место се закити во категоријата Chin ups.

 

14256224_10202258774868372_401697810_n

 

Освен натпреварувачите од Куманово, достојни претставници на Македонија беа и членовите на „Rise up bars“ од Скопје, чиј претставник Александар Христовски освои второ место во категоријата chin ups, како и младиот битолчанец Андреј Марковиќ кој се врати со освоено прво место во категориите згибови и склекови.

Престојот во Хрватска младите спортисти го искористија и за краток одмор, каде ги полнеа батериите и се подготвуваа за нови успеси.