Четири нови истраги на СЈО: Под лупа УЈП и Министерството за финансии

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство денеска презентираше четири нови истраги против четири лиза финансиски криминал.

Според специјалната обвинителка, Катица Јанева, обезбедени биле материјални и вербални докази со кои може да се утврди на кој начин биле перени пари од Буџетот на Република Македонија и завршиле во џебовите на неколку функционери од власта.

Под имињата „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“, а ќе се истражува периодот од 2008 до 2015 година кога Управата за јавни приходи и Министерството за финансии не ги извршувале законските обврски, туку дозволиле поединци и други министерства да помогнат поединци да стекнат лично богатење со државни пари.

Специјалната обвинителка рече дека овие финасиски истраги се комплексни и за нив е потребен подолг период.

– Се наметнува прашањето дека ќе се надмине периодот од 18 месеци, а роковите се далеку пократки од роковите по кои постапуваат останатите јавни обвинителства. Поради ова, бараме Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и зеднички да најдеме соодветно законско решение да ги истражиме кривичните дела кои се во рамките на нашиот мандат – рече Јанева.

Во случајот „Триста“ осомничен е помошник-министер од МВР за извршена јавна набавка за 300 возила за Министерството. Осомничениот во периодот од 2008 до 2012 година извршил набавка на 300 возила не почитувајќи ги законските прописи за јавна набавка, со што бил оштетен буџетот на државата за 453.570 евра, пренесе порталот МКД.МК.

Според Фетаи, не биле почитувани правилата за најповолна понуда, па понудите на „Порше“, „Кадис“, „Бохемија“, „Колевски“ и „Авто куќа“, иако биле проценети како најповолни, не биле тоа.

Постои основано сомневање дека службеното лице доделувало договори на компании без најдобри економски понуди.

Во случајот „Табла“ се сомничи директор на основно училиште во село Зајас, а последните два случаи се однесуваат на даночно затајување.