Четири хектари сува трева изгореа во село Глажња

Сподели со своите пријатели

Сува трева а површина од околу четири хектари изгоре вчреа во голем пожар кој избувнал во атарот на селото Глажња на потегот кон село Думановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот околу 15:34 часот го пријавиле службеници на СВР Куманово и Полициска станица Матејче, при што на терен излегло едно противпожарно возило од Територијалната противпожарна единица Куманово со 4 пожарникари, а во гаснењето учествувале и двајца ловочувањи во Шипоља и двајца полицајци од ПС Матејче.

Но, иако известени во гаснењето не учествувале вработените на Шумското стопанство Куманово, од каде пак потврдиле дека исрпатиле две екипи на терен.

„Вработени од Шумсктово стопанство со две теренски возила биле во близина и се пресретнале со учесниците во пожарот и ни одговориле дека пошле на гасење на пожарот, но го погрешиле патот и неучествувале во настанатиот пожар“ – стои во извештајот на РЦУК.

Пожарот бил локализиран околу 18 часот.

 

Loading...