Честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово по повод Денот на сесловенските просветители

Сподели со своите пријатели

 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на своите сограѓани им го честита државниот празник 24 мај, денот на сесловенските просветители,  светите браќа Кирил и Методиј.

Денес е денот кога сите ние со огромна чест и почит го чествуваме делото на словенските просветители ,браќата Кирил и Методиј. Нивниот лик и дело се неизбришливо врзани не само со културата и историјата на Македонија, тие го отворија патот на писменоста и ширењето на христијанскиот дух, одбележувајќи го периодот на будење на словенските народи, придонесувајќи кон севкупниот европски цивилизациски подем  и со својата просветителска дејност го задолжиле целиот словенски род и цела Европа.

Ние сме горди што сме дел од тој цивилизациски придонес за европската и светска ризница, но истовремено сме и свесни дека тоа е обврска, нашата култура, традиција, јазик и идентитет да ги сочуваме од секакви премрежија кои ги носи животот.

Нека е честит и вековит празникот! – стои во честитката од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.