Бруно Лабадија го презеде Волфсбург

Сподели со своите пријатели

Бруно Лабадија е новиот тренер на германскиот тим Волфсбург.

Лабадија го наследи Мартин Шмит, кој вчера поднесе оставка.

Педесет и две годишниот Лабадија, поранешен тренер на Баер Леверкузен, Хамбург и Штутгарт, потпиша договор до летото 2019 година.

Волфсбург е рангиран на 13. место во пласманот во Бундеслигата со вкупно 24 поени./МИА

Leave a Reply