16.12.2017 21:40

Блокотехна „се сепна“ во Куманово (галерија)

loading...

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен убедливо го победија составот на Блокотехна од Гевгелија во рамките на 10. коло од домашниот шампионат со резултат 92:79.

 

 

Израмнета прва четвртина каде се играше кош за кош имаше можност да види публиката во Спортската сала во Куманово, меѓутоа по истекот на првите 10 минути кумановци беа два поени во негатива со резултат 20:22.

 

 

Фуриозна втора четвртина со голема борбеност прикажаа избраниците на тренерот Александар Петрови и со серија 20:4 на почетокот направија големо водство со 40:26. Црвстата одбрана и добриот напад на Куманово му донесе голема предност на полувреме кога семафорот означи 50:34.

 

 

Краткиот одмор очигледно најдобро им дојде на Караџовски и Караколев кои во третата четвртина го полнеа кошот на Блокотехна, па по истекот на претпоследната фаза од мечот на својот клуб му донесоа предност од 79:55. „сино-белите“ се опуштија, а гевгеличани ја подобрија играта, но без можност да направат пресврт во резултат.

 

Последната четвртина од средбата запошаа 24 поени, наспроти 13 на Куманово, меѓутоа сепак загубија со 92:79.

 

 

Температурата од 15 степени, но и водата кој постојано протекуваше од покривот на салата, не им претставуваше пречка на кумановци заедно со публиката да слават по квалитетен и тежок натпревар.

 

 

Најефикасен во составот на Куманово со извонредни 28 поени беше репрезентативецот Димитар Караџовски, со 23 Никола Караколев, а со 18 Марјан Јанески. Кај составот на Блокотехна најдовра игра прикажа Казарновски со 26 поени.

– Мислам дека редно беше и ние откако почна сезоната да одиграме еден ваков натпревар како што од првата минута тргнавме добро, немаше осцилации, константно ја држевме таа разлика, мислам дека малце и со освежувањето на клубот со неколку нови млади играчи на некој начин и новата управа, мислам дека полека нешто почнува да се случува, дај боже понатака вака да остане. Имаме уште едно коло до крајот на годината, се надеваме и таму да можеме да завршиме работа, па од јануари да продолжиме по старо и да се надеваме дека Куманово ќе се врати на тоа место каде што беше, изјави Димитар Караџовски.

 

 

Освежувањето на играчите добро му дојде на тренерот Петровиќ, кој на овој натпревар сепак влезе без Немања Миљковиќ, кој поради висока температура, своите соиграчи ги бодреше од трибините.

– Им честитам првин на моите момци, се што се договоривме испочитуваа. Направивме една голема залиха, која при наш мал пад во четврта четвртина нормално дојде до умор, првин немавме уште еден играч во ротација, бидејќи Миљковиќ е болен не можеше да настапи, меѓутоа, голема победа. Да се заблагодарам на ова публика што дојде, ги повикувам на следниот натпревар да дојдат во поголем број, а Куманово постојано ќе гине вака на секој натпревар. Голема победа за нас, се враќаме таму каде што му е местото на Куманово, изјави тренерот на Куманово, Александар Петровиќ.

 

 

Следната сабота во 11. коло од Првата лига, „сино-белите“ гостуваат кај Гостивар, на чија клупа е екс тренерот на Куманово Марјан Србиновски.

 

 

 

 

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments