Бар Версус го слави својот четврти роденден !

Сподели со своите пријатели

Версус бар, едно од омилените места на младите во Куманово, викендов ќе го прослави својот четврти роденден. Локалот кој до сега ги донесе најпопуларните артисти од балканската сцена, и сезонава работи со полна пареа, со постојани изненадувања за своите гости. Па така, во сабота Версус ќе го прослави својот роденден заедно со своите верни клиенти.

Loading...

Најавени се многу изненадувања, многу гратиси, а за роденденот ќе биде поставен и посебен коктел бар, на кој гостите ќе можат да добијат гратис коктел. За музика задолжен ќе биде DJ Marco, со својата препознатлива плејлиста составена од најголемите светски и балкански хитови. Петокот пак е резервиран за семафор забава, на која ќе настапи DJ Sicky.

Од рердакцијата на Кумановски Муабети им посакуваме среќен роденден, со желба за уште многу родендени и успешни сезони