Авиони вклучени во гаснење на пожарите во липковско (фото)

Сподели со своите пријатели

Авиони од Дирекцијата за заштита и спасување попладнево се вклучуија во гаснењето на пожарите во липковскиот регион, откако веќе два дена поголема површина дабова шума гори без престан.

Пожарот во селото Белановце, кај месноста Црни врв најпрвин започнал да се шири од територијата на Косово и навлегол на македонска површина, меѓутоа гори и од српската страна. Непристапниот терен е недостапен за кумановските пожарникари, а во гаснењето се вклучени околу 70 вработени од Шумско Стопанство Куманово.

Се браниме огнот да не влезе на нашата територија инаку нема голема штета, бидејќи 2013 истото место беше изгорено, но уште се бориме со стихијата, мислиме дека денеска до утре, бидејќи многу е проширено и на косовска, спркса и наша страна, мислам дека денеска-утре ќе го спречиме пожарот. Инжинерите се на терен и се врши проценка колку хектари се зафатени од пожарот – рече Ваит Саити, директор на ШС Куманово.

Loading...

Додека сите биле во селото Белановце каде интервенирале на пожарот, нови пламени јазици се појавиле на другата страна, поточно во селото Отља, на потегот кон Стрима.

Немавме можност да ги извадиме работниците од Белановце до Отља, утринава во 6, бидејќи вчера до 11 часот бевме таму, сите вработени околу 70 вработени сме во акција за гаснење на пожарот. Пожарната служба се јавува редовно, но теренот е таков што не може да влезат ниту во Отља и Стрима, ниту во Белановце. Денеска е дојдено пожарно коло, има вода, нашите работници се на терен – вели Саити.

Дополнителен проблем е и пожарот од Скопска Црна Гора кој гори веќе неколку дена, а се проширил и на кумановската територија до која не може да пристигне ниту едно возило и ниту една служба.

Причината за избувнување на огнот во Белановце не е позната бидејќи пожарот е дојден од српска и косовска страна, додека за оние во Отља и Стрима, според директорот на Шумско стопанство е човечки фактор.

Тоа се знае, фактор човек. Тоа треба МВР да ја следи работата и кога ќе ги фатат. Најголем проблем се овие што крадат дрва, одат палат и ги крадат дрвата и предизвикуваат штета – додаде Саити.

Авионите веќе се на терен и се очекува наскоро да се намали интензитетот на пожарот.