Авион се запали на аеродромот во Истанбул (видео)

loading...

Мал приватен авион во кој имало четири лица се запалил денеска кога ја промашил пистата при принудно слетување на главниот аеродром во Истанбул, „Ататурк“ кој поради тоа бил затворен, јавуваат турските медиуми.

Сите четири лица ја преживеале несреќата, соопштено е од Министерството за сообраќај на Турција, а Анадолија пренесува дека двајца пилоти, стјуардеса и еден патник сами успеале да излезат од авинот, но дека не е познати какви се нивните повреди.

Авионот полетал од аеродромот Ататурк кон северниот дел на Кипар, но набргу било одлучено да се врати назад поради дефект, јавува Анадолија.

Турската агенција Доган претходно јавила дека главниот пилот погинал во таа несреќа. За сега не се знае што довело до несреќата по која сите летови од „Ататуркт“ беа одложени, но во меѓувреме беа продолжени.

Минатата година на аеродромот „Ататурк“ загинаа 40 лица, а 250 беа повредени при терористички напад.

Аеродромот „Ататурк“ би требало да биде затворен кога ќе се отвори нов аеродром кој веќе е во изградба.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments