Асанж: Американските закани кон Пјонгјанг ќе доведат до нови нуклеарни проби

loading...

Заканите на САД дека ќе ја уништат Северна Кореја ќе доведат до желба Пјонгјанг да го засили својот нуклеарен програм, смета основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп, обраќајки се во Обединетите нации изјави дека на Американците н еим преостанува ништо друго освен да ја уништат Северна Кореја ако таа се заканува на Соединетите Американски Држави.

– Сите оние закани за „уништување“ на земјата ќе ги натера да сакаат да имаат нуклеарно оружје за да биде сигурна дека нема да заврши како Ирак или Либија, напиша Асанж на Твитер.

Утринава е објавено соопштение не Ким Џонг Ун во кое говорот на трамп го нареше „дрдорење“, а самиот американски претседател „сенилен“. Претседателот на Северна Кореја исто така порача дека ќе ги преземе најсилните контрамерки во историјата.


Последни наслови

Facebook Comments