АРМ на терен во поплавеното село Довезенце

Сподели со своите пријатели

Околу 16 војници на Армијата на Република Македонија вчера биле во извидување на ситуацијата во селото Довезенце, откако во истото Крива Река се изли на повеќе места, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Иако, војниците биле присутни во касарната „Боро Менков“ за да пружат помош во поплавеното село, тие излегле на терен во периодот од 16:30 до 18 часот, на увид на местото каде што беше урнат мостот од страна на надојдените води на Крива Река, но не биле во можност да помогнат поради големиот водостој на реката, по што се вратиле во касарната.

Споменатиот мост беше потпкопан и од последните поплави кои се случија во текот на изминатата година.