60-годишна жена повредена од заскитан куршум

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,00 часот од Клинички Центар-Тетово било пријавено дека е донесено  повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од  огнено оружје во десно рамо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, околу 16,00 часот во дворот на Т. И (50) во  с.Сараќино, додека П.З(60) од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје.

На П.З  и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење.

Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.